Алисон по гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид и Ливерпул посочи кога ќе се знае дали заминува од Рома

Дерби

11/06/2018

17:27

1.035

Големина на фонт

а а а

За голманот на Рома, Алисон Бекер постои сериозен интерес од редовите на Реал Мадрид и Ливерпул, а Бразилецот во изјава за шпанскиот „АС“ истакна дека неговата иднина нема да се решава за време на Светското првенство.

Алисон потенцираше дека сака се да биде јасно оваа недела, но појасни дека доколку нема договор до тогаш, неговата иднина нема да биде решена за време на Мундијалот затоа што тој ќе биде целосно посветен на репрезентацијата на Бразил.

- Искрено, тоа што го сакам јас е се да биде решено пред Светското првенство. Ја оставив целата одговорност во преговорите на моите агенти. Доколку не се реши пред првиот натпревар на Бразил, ќе почекаме по крајот на Светското првенство. Моите мисли се комплетно насочени овде.

- Понуди? Има неколку можности, ги разгледуваме сите, вклучително и онаа на Рома, клуб кој мора да го респектирам. Да видиме дали ќе се случи нешто оваа недела  - коментираше Алисон за „АС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг