Голема музичка ѕвезда ќе го отвори Светското првенство во Русија

Дерби

11/06/2018

18:05

2.400

Големина на фонт

а а а

Британскиот пејач Роби Вилијамс ќе ја има честа да пее на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Русија, на стадионот „Лужники“ веднаш пред натпреварот помеѓу домашната селекција и Саудиска Арабија.

Роби Вилијамс ќе биде придружуван од руската сопрано пејачка Аида Гарифулина, а на теренот ќе биде и легендарниот бразилски фудбалер Роналдо.

Славниот пејач истакна дека е среќен и возбуден поради тоа што ќе пее на отворањето на ова големо натпреварување и посочи дека ова претставува остварување на детските соништа. Поранешниот член на групата „Тејк Дет“ е голем вљубеник во фудбалот и редовно е гостин на големите фудбалски збиднувања. Во текот на вчерашниот дек Вилијамс ја предводеше селекцијата на Англија на „Олд Трафорд“ во натпревар со хуманитарни цели на кој настапуваа и Јусеин Болт, Мо Фарах, Ерик Кантона и уште многу други ѕвезди од областа на спортот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг