Харадинај: Косово годинава ќе добие војска

Нетпрес

11/06/2018

16:20

1.342

Големина на фонт

а а а

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај тврди дека косовската војска ќе биде формирана во текот на оваа година и дека војската „ја добила довербата на сите страни, дури и на Србите од Косово“, пренесуваат српските медиуми.

„Годинава Косово ќе добие војска. Мина доста време, но тоа не е изгубено време, за време на овој период војската ја доби довербата од сите страни, дури и од Србите од Косово. Има млади од северот кои се во војската на Косово, а со тоа покажуваме дека не правиме националистичка војска“, кажа Харадинај.

Тој тврди дека процесот на создавање на војската е во завршна фаза и дека наскоро ќе биде завршен, или преку уставна или преку законски измени, пренесува РТК2.

Зборувајќи за односот на Приштина и Белград, косовскиот премиер кажа дека смета дека меѓусебното признавање е единственото решение.

„Со Србија имавме војна, која заврши на 9 јуни 1999 година, но официјално војната ќе прекине кога двете страни ќе се признаат една со друга. Токму како што ги призна Хрватска, Босна, Србија би требало да го признае и Косово. Ова е во наш интерес и не треба да се плашиме да седнеме заедно на преговарачка маса и да го официјализираме признавањето“, кажа Харадинај.

Тој додаде и дека од Косово до крајот на 2018 ќе може да се патува без визи, наведувајќи дека потребата за слобода на движење е сѐ поголема и претставува бариера за граѓаните на Косово.

„Косово работи на тоа да станеме членка на Обединетите нации, Србија да нѐ признае и да го заокружиме процесот на нашата независност. Но пред тоа Косово ќе стане членка на Интерпол, бидејќи криминалот ни претставува голема опасност. Членството на Косово во Интерпол ќе придонесе на борбата против меѓународниот и домашниот криминал. Очекуваме да станеме полноправна членка на оваа организација во ноември“, кажа Харадинај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг