Трансфер бомба на Апенините: Интер договори голема ѕвезда на Рома

Дерби

11/06/2018

13:39

1.265

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер во наредната сезона се враќа на големата сцена и ќе игра во Лигата на шампионите, а тоа автоматски носи поголема одговорност, амбиција, желба на високо ниво да се одработи летниот преоден рок и да се создаде состав кој под тренерската палка на Лучијано Спалети ќе може да одговори на овој предизвик како и на оние на домашната сцена.

Поради тоа клубот од Милано е супер активен, ги освежува сите линии со тоа што се чини дека сега е договорено најголемото и најзвучното име. Имено според неколку извори „нероаѕурите“ ги обезбедиле услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Рома, Раџа Наинголан.

Наводно двете страни си подале рака, па така на сметката на „волчицата“ ќе легнат 29 милиони евра плус ќе добијат целосна сопственост на еден од најталентираните играчи на Интер, Николо Ѕаниоло. Ѕаниоло наредниот месец ќе наполи 19 години, а минатава кампања за Примавара тимот имал учинок од 14 голови, 10 асистенции на 34 натпревари.

Информациите се дека Раџа на „Џузепе Меаца“ ќе зема по 4,5 милиони евра со тоа што трансферот ќе биде формализиран на 1 јули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг