Тим на најдобар начин и со искрена изјава ја опиша нестварната доминација на Надал на Ролан Гарос

Дерби

11/06/2018

13:31

2.769

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал ги помести сите граници во тенисот кога е во прашање доминацијата на еден грен слем турнир, откако вчера во големото финале на „Филип Шатрие“ не му даде никаква шанса на тенисерот кој според многумина беше единствениот кој може да му создаде неволја на земјена подлога.

Доминик Тим е единствениот играч кој го победи Рафа на земјена подлога во изминативе две години, но сепак кога беше во прашање мечот со најголем престиж, Австриецот едноставно потклекна пред неприкосновениот „крал на земјата“ кој победи во своето 11-то финале на Ролан Гарос. Шпанецот на тој начин стигна до својата 11-та титула во Париз, рекорд кој според многумина никогаш нема да биде урнат во историјата на тенисот, бидејќи Надал победи во сите 11 финалиња кои ги играше на централниот терен на Френч Опен.

Започнувајќи од 2005 година па се до денеска, Надал изгради една неверојатна династија кога е во прашање турнирот во Париз, а за неговата доминација најдобра изјава по мечот даде искрениот Доминик Тим.

– Рафаел Надал играше толку многу добро, речиси без грешка. Има само една причина поради која тој 11 пати го освојува овој турнир, а тоа е неговата истрајност. Ова е најголемото нешто кој некој играч го достигнал во нашиот спорт. Од друга страна, јас сум сигурен дека ова не беше мое последно финале на грен слем турнир. Ова ќе ми биде мотив за во иднина, – истакна Тим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг