Пристигна потврда: Алисон ја напушта Рома

Точка

11/06/2018

13:07

1.176

Големина на фонт

а а а

Се чини дека Рома нема да успее да го задржи одличниот голман Алисон Бекер кој што самиот потврди дека наскоро го напушта „Олимпико“.

„Искрено, навистина се надевам дека се ќе биде решено до Светското првенство. Ќе им препуштам на моите претставници да ја донесат најдобрата одлука и да ја решат оваа работа. Имаме бројни опции и сите ги разгледуваме, со сета должна почит кон Рома“, изјави Бразилецот.

Алисон наводно е на мета на Ливерпул, Реал Мадрид и Челси, меѓутоа се уште не е познато каде тој ќе ја продолжи својата кариера, сега кога стана јасно дека ова лето и дефинитивно си заминува од Рим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг