Роналдо пречекан со погача и сол во Русија, неговата реакција стана хит на социјалните мрежи

Дерби

10/06/2018

16:35

6.207

Големина на фонт

а а а

Вчера имавме можност да видиме како Кристијано Роналдо се поздрави со еден млад и страствен фан на Португалија пред заминувавњето за Русија, а сега од Москва ни пристигна едно навистина интересно видео кое полека станува хит на социјалните мрежи.

Имено, руските власти ги пречекаа европските шампиони со специјални и традиционални почести, па така, Кристијано Роналдо како капитен и Фернандо Сантош како селектор имаа за задача да пробаат погача со сол како добредојде. Португалскиот селектор беше навистина сталожен и реагираше онака како што доликува, додека на Роналдо сето ова му падна доста смешно, па неговата реакција на оваа православна руска традиција доста комична.