Рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Виена го замолил австрискиот канцелар Себастијан Курц да посредува во Виена да биде организирана средба со американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Волстрит џурнал“.
Курц, според „Волстрит џурнал“, ветил дека ќе му ја пренесе на Трамп желбата на Путин, а се шпекулира и дека средбата на двајцата претседатели би можела да се случи во Виена веќе во јули.
Весникот тврди дека Белата куќа моментно ја анализира понудата и наведува, повикувајќи се на неименуван службеник на Националниот совет за безбедност на САД, дека Австријците изразиле желба да бидат домаќин на средбата меѓу Путин и Трамп.
Оа австриската влада нема ниту потврда ниту демант за вестите од САД. Од стапувањето на должноста претседател на САД во 2017 година Трамп немал билатерална средба со Путин.
Тие само разговараа на самитот Г20 во Хамбург во јули минатата година, а на самитот на Азиско-пацифичката економска заедница во Виетнам во ноември само се ракуваа.
Односите меѓу Москва и Вашингтон моментно се многу тензични поради различните ставови за многубројни меѓународни кризни области, како, на пример, за Сирија, каде што Русија е ставена на страната на сириските власти, или за договорот со Иран од кој Америка се повлече.