МВР отвори и мобилен број за закажување термини за пасоши и лични карти

Макфакс

05/06/2018

11:29

196.285

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи од денес започна со закажувањето термини за аплицирање за биометриски лични документи и преку мобилниот број 072/929-292.

Покрај онлајн закажувањето преку веб-страницата на МВР и со телефонското закажување на бројот 0800 192 92, граѓаните ќе може да закажуваат термини и со јавување на мобилниот телефонски број 072/929-292. Од МВР информираат дека се обезбедени 30 линии односно оператори кои ќе ги опслужуваат граѓаните и со тоа, велат од МВР, во голема мера ќе им се олесни побрзо да ги извадат своите лични документи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг