Вашингтон пост: Американци во Северна Кореја разговараат за подготовката на самитот

Макфакс

27/05/2018

19:02

1.332

Големина на фонт

а а а

Група американски дипломати се наоѓаат во Северна Кореја, со цел да ги започнат разговорите за подготовка на самитот помеѓу Доналд Трамп и Ким Јонг Ун, пишува „Вашингтон пост“.

Американскиот весник се повикува на неименуван извор кој бил запознаен со настаните. 

Истиот извор тврди дека поранешниот американски амбасадор во Јужна Кореја, Сунг Ким, допатувал од Филипините каде во моментов е амбасадор, за да ги предводи подготовките.



Спонзорирани линкови

Маркетинг