Неделава нови 4 судски рочишта за Груевски

Макфакс

27/05/2018

14:43

2.902

Големина на фонт

а а а

По пресудата за предметот „Тенк“, кривичниот суд и оваа недела ќе биде секојдневно свратилиште за експремиерот Никола Груевски. Тој неделава е на 4 судски рочишта за предметите „Титаник“, „Траекторија“ и „Насилство“. Поранешниот премиер во судот нема да се појави само в среда, кога нема закажано судење.

Утре и в четврток Груевски треба да присуствува на судењето за предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, кој поради процесни приговори на адвокатите неколкупати се одложува. Во вторник треба да продолжи судењето за „Траекторија“ за провизиите за изградба на автопатиштата. В петок е закажано продолжение на судењето за предметот „Насилство“ кој иако е најстар и е отворен пред 2 години, никако да заврши со судска пресуда. 

Aдвокатите на Груевски и Ѓоко Поповски најавија жалба за пресудата за предметот „Тенк“ до Апелациониот суд во законскиот рок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг