Рамос: Таков е фудбалот, ти посакувам брза рехабилитација

Макфакс

27/05/2018

10:37

3.574

Големина на фонт

а а а

Покрај големите грешки на голманот на Ливерпул Лорис Кариус, решавачки момент во финалето на Лигата на шампионите беше и повредата на Мохамед Салах по дуелот со капитенот на Реал, Серхио Рамос.

Дефанзивецот, како и многу пати во минатото ќе биде критикуван и осудуван. По мечот тој со емотивна порака му посакал брза рехабилитација на Салах, потсетувајќи дека фудбалот може да биде суров. 


„Фудбалот некогаш ви го покажува своето најубаво лице, а некогаш го покажува и најгрдото. Ти посакувам брз рехабилитација Салах. Иднината е пред тебе. На крајот на денот, сите ние сме професионалци“, напишал Рамос на Твитер.

Мохамед Салах, поради повреда на десното рамо, играта ја напушти во 30.минута. Најцрните прогнози се дека тој поради оваа повреда би можел да го пропушти и Светското првенство во Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг