Лидерите на двете Кореи се сретнаа на границата без претходна најава

Макфакс

26/05/2018

15:06

2.235

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун и лидерот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин изненадно се сретнаа во пограничниот град во демилитализираната зона помеѓу двете земји.

На вториот состанок, лидерите на двете Кореи разговарале за постинување на мировните обврски и евентуалниот состанок на Ким Џонг-ун со американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесе Би-Би-Си.

Како што се наведува, состанокот меѓу Кореите е дел од напорите да се овозможи одржување на самитот помеѓу Ким и Трамп, а претседателот на Јужна Кореја лично ќе ја извести јавноста за исходот од состанокот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп пред неколку дена го откажа самитот со севернокорејскиот лидер, планиран за 12-ти јуни во Сингапур, наведувајќи го како причина гневот и отвореното непријателство од страна на Кореја. Трамп потоа сепак остави можност состанокот да се случи, потенцирајќи дека разговараат со Ким и дека повторно ќе започнат конструктивен дијалог.



Спонзорирани линкови

Маркетинг