Непредвидливиот Трамп: Откако ја откажа средбата, сега вели дека „сепак можно е да се сретне“ со лидерот на Северна Кореја

Точка

26/05/2018

11:30

1.271

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп, откако неодамна ја шокираше светската јавност и ја откажа историската средба со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, сега сепак вели дека истата „можно е да се случи“.

Доналд Трамп во текот на оваа седмица изјави дека поради „омразата и непријателските изјави“, сепак нема да се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун на 12-ти јуни во Сингапур, тој сега сепак во јавноста излезе со поинакви изјави кои што сугерираат дека средбата можеби и нема целосно пропаднато.

Имено, Доналд Трамп порача дека му се допаднала последната изјава од Северна Кореја во која што се нагласува „помирливоста“ и додаде дека сега ќе размисли за средбата уште еднаш.


„Имаа многу убава изјава. Ќе видиме што ќе се случи, можеби тоа ќе биде 12-ти јуни. Разговараме со нив. Тие многу би сакале да се случи таа средба. И ние го сакаме тоа“, изјави Доналд Трамп.

Според аналитичарите, ова е нешто што Трамп го практикува од почетокот на својот мандат - најавува едно, па се повлекува, па повторно најавува, се додека не почувствува дека целата ситуација не се врти во негова корист.



Спонзорирани линкови

Маркетинг