Имало и солзи: Принцот Хари ѝ се јавил на својата поранешна девојка два дена пред венчавката

Точка

25/05/2018

13:16

17.604

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари (33), два дена пред венчавката со американската актерка Меган Маркл (36), наводно водел долг и прилично емотивен телефонски разговор со својата поранешна девојка Челзи Дејви (32).

Парот бил заедно седум години, од 2004 до 2011 година, а тие прекинале бидејќи таа не можела да се сноси со медиумите кои постојано ги следеле. 


Војводата од Сасекс ја поканил дизајнерката на накит Челзи на венчавката во капелата Сент Џорџ, но тој наводно ѝ напоменал дека не сака да дојде на забавата по венчавката која ја организирал неговиот татко, принцот Чарлс (69).

Британскиот “Vanity Fair” навел дека Хари ѝ посочил на Челзи дека е време да продолжи понатаму и дека се надева дека ќе останат пријатели и покрај нивната врска, а имало и солзи.


Многумина велат дека дизајнерката на накит изгледала како да ќе заплаче во секој момент, но наводно во текот на црковниот прием ѝ дала комплимент на Меган и ѝ честитала.

Со тоа покажала дека помеѓу нив нема “зла крв” иако нејзините пријатели изјавиле дека на денот на венчавката таа плачела и се мислела дали воопшто да се појави на церемонијата.

Инаку, Челзи не е единствената поранешна девојка на Хари која присуствувала на венчавката. Освен неа, дошла и актерката Кресида Бонас (29) со која принцот бил две години во врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг