Светот повторно на раб на војна: Трамп му се закани на Ким - Нашата војска е подготвена, се молам на Бог да не ги лансираме нуклеарките

Точка

25/05/2018

10:30

4.528

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека „чека да види“ дали севернокорејскиот лидер повторно „ќе се ангажира во конструктивен дијалог“.

Покрај тоа, Доналд Трамп иако порача дека ќе почека на реакција од севернокорејскиот лидер, тој нагласи дека армијата на Соединетите Американски Држави „е подготвена за секој случај“ да одговори на евентуалните непромислени акции на Пјонгјанг.

Трамп ја отвори вратата за дипломатија, иако неколку часа претходно порача дека го откажува самитот со Ким Јонг Ун кој што беше планиран за 12-ти јуни во Сингапур, а за крахот на преговорите го обвини севернокорејскиот лидер.

Одлуката на Трамп да ја откаже средбата со Ким пристигна само еден ден подоцна откако висок функционер од режимот во Пјонгјанг жестоко го нападна американскиот потпретседател Мајк Пенс кој што Северна Кореја ја спореди со Либија.


„Целото негово интервју е полно со глупави и неточни изјави“, порачал севернокорејскиот функционр и го нарекол Пенс „политичка марионета“. Меѓу другото, тој ги предупредил Американците дека треба да бидат свесни дека доколку продолжат со непријателското однесување, ќе се соочат со голема трагедија.

„Ние не го баравме тој самит, туку американската страна и тие треба да одлучат дали сакаат дијалог или не“.

Откако Трамп и официјално ја откажа средбата, тој порача дека санкциите против Северна Кореја продолжуваат и ќе продолжи „максималниот притисок“ против Пјонгјанг на чело со САД.

Трамп порача дека се надева дека Ким ќе ја донесе вистинската одлука за доброто на својот народ и додаде дека „американската армија е подготвена за секој случај“.

„Нашите нуклеарни способности се толку моќни, па јас му се молам на Бог за да немаме потреба да ги користиме“, порача Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг