Ракометарите на Вардар пристигнаа во Келн, каде в сабота и недела, ќе се одигра завршниот турнир во Лигата на шампионите. Пристигнувањето на европскиот шампион го забележа ЕХФ на својот профил на Твитер.
Црвено-црните, во Германија, ќе ја бранат титула освоена минатата сезона и ќе се обидат да станат првиот тим, што успеал да ја одбрани европската круна, откако завршницата во Лигата на шампионите се игра во овој формат.
Welcome everyone to Cologne! 🙌🏽 @HCVardar is in the house ⚫️🔴⚫️ #veluxehfcl #ehffinal4 pic.twitter.com/M0wefQ5DW7
— EHF Champions League (@ehfcl) May 24, 2018
Исто така, Вардар сака да го повтори успехот на Сиудад Реал кој е последениот тим што ја одбранил титулата. Сиудад Реал, во стариот формат, стана европски првак во сезоните 2007/08 и 2008/09.
Вардар за противник во полу-финалето го доби францускиот тим Монпеље. Овој дуел на програмата е в сабота од 18 часот. Претходно, од 15:15 часот, завршниот турнир ќе го отворат ПСЖ и Нант.
Can you recognize any of these players? #veluxehfcl #ehffinak4@HCVardar © EHF / Hocevar pic.twitter.com/GLWiEGfp9Q
— EHF Champions League (@ehfcl) May 24, 2018