Како на воен фронт: Четири загинати и над 20 повредени во есплозија на магацин со пиротехника во Шпанија

Точка

24/05/2018

11:30

2.133

Големина на фонт

а а а

Шпанските медиуми пренесуваат дека синоќа во експлозија во магацин со пиротехника, најмалку четири лица загинале и над 20 биле повредени, меѓу кои и седум деца.

Експлозијата се случила после пладне по локално време на подрачјето на Галиција во близина на градот Туи, на околу 30 километри од границата со Португалија. Локалните власти пренесуваат дека над 20 лица биле повредени, а во болница биле примени и седум деца.

Глемата експлозија се слушнала на неколку километри, а неколку околни куќи биле оштетени. Од локалната полиција соопштиле дека детонацијата била толку многу силна, по што во радиус од три километри сите прозорци биле искршени.

На терен пристигнале бројни итни и спасувачки служби, вклучувајќи ја и посебната полициска единица за експлозив која што имала задача да спречи нови експлозии во магацинот.

Сведоците изјавиле дека нивниот град за време и после експлозијата се претворил како воена зона. Засега не се познати причините за големата катастрофа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг