ЕХФ го најави второто полуфинале на Ф4: Вардар има шанса да го урне проклетството!

Дерби

23/05/2018

20:11

5.141

Големина на фонт

а а а

„Ланксес арената“ во Келн овој викенд ќе биде домаќин на уште еден завршен ЕХФ турнир во Лигата на шампионите, ракометен спектакл од кој дел повторно ќе биде нашиот најдобар тим Вардар кој ќе се обиде да дојде до историја во своето второ учество на фајнал-форот.

Хероите на Раул Гонзалес минатата година направија вистинска сензација и во својот пат до историската европска круна ги покорија гигантите Барселона и ПСЖ, а благодарение на феноменалните настапи оваа сезона, вардарци сега добија уникатна шанса да ја одбранат титулата во Лигата на шампионите и да направат нешто што никој го нема направено во елитното натпреварување.

ЕХФ денеска го најави второто полуфинале на завршниот турнир кое ќе се одигра оваа сабота во 18:00 часот, а во видеото на европската ракометна репрезентација, се потенцира дека Вардар има посебна шанса да го урне проклетството и да стане првиот тим кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите.

Во најавата, уште се вели дека клучна улога на натпреварот ќе имаат Лука Циндриќ и Диего Симонет, додека важен фактор ќе бидат и голманите Арпад Штербик и Жерард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг