Коѕијас: Немаме притисок за скопското прашање

Нетпрес

23/05/2018

14:15

1.035

Големина на фонт

а а а

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјавил дека американската администрација не врши притисок, туку само многу се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки.

Тој вака на грчките новинари им ја објаснил неговата вчерашна средба со советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, на која се задржал двојно повеќе од предвиденото.

„Во скопското прашање немаме никаков притисок, ниту некој има намера да не притиска. Никогаш нема да дозволиме да нѐ притискаат. Но, многу се интересираат за решение и се обидуваат да разберат каде се наоѓаат преговорите и кои се тешките точки“, рекол Коѕијас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг