Мајк Пенс го предупреди Ким да не си игра со Трамп

Макфакс

22/05/2018

11:58

780

Големина на фонт

а а а

Американскиот заменик-претседател, Мајк Пенс, го предупреди севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, да не си игра со претседателот Доналд Трамп ако се состанат следниот месец.

Пенс во интервју за „Фокс њус“ изјави дека таквиот потег би бил голема грешка од страна на лидерот на Северна Кореја. Американскиот заменик-претседател, исто така, вели дека нема сомнеж дека Трамп би можел да замине од самитот на 12 јуни.

Северна Кореја се закани дека ќе се повлече од состанокот по коментарите на американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

Земјата реагираше жестоко кога Болтон изјави дека ќе го следи либискиот модел на денуклеаризацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг