Облачно со услови за дожд во попладневните часови

Макфакс

21/05/2018

09:45

1.029

Големина на фонт

а а а

Времето во утринските часови ќе биде малку до умерено облачно, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста.

Во попладневните часови ќе биде променливо облачно, наместа ќе има нестабилна облачност, со пороен дожд, грмежи, како и засилен ветер. Особено нестабилно се очекува да биде во централните, источните како и во западните делови на земјава, каде е можна и појава на град. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималната од 22 до 27 степени.

Во Скопје, попладне ќе има слаб развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.

Во текот на следната недела во попладневните часови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме. Помалку услови за нестабилност се очекува да има во вторник, а поизразена в четврток и в петок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг