Бог да ги благослови САД, конечно сум Американец! Го отстранил американското знаме од голф-клубот на Трамп и почнал да пука

Точка

19/05/2018

17:27

6.772

Големина на фонт

а а а

Оди на социјалните мрежи се опишува како инструктор по фитнес и како претприемач кој вложува во недвижнини.

42-годишниот Џонатан Оди пред помалку од една година на Инстаграм објавил фотографија пред американско знаме и напишал: "Бог да ги благослови САД, конечно сум Американец". Вчера наутро го отстранил знамето во голф-клубот на Трамп и почнал да пука, притоа зборувајќи против Доналд Трамп, Обама и раперот П. Диди, изјавила полицијата. 

Оди е во стабилна состојба во болница откако полицијата го застрелала во нозете, а му се заканува обвинение за обид за убиство. За среќа, во текот на инцидентот немало други повредени.

Оди на социјалните мрежи се опишува како инструктор по фитнес и како претприемач кој вложува во недвижнини. Роден е во Јужна Африка, а по потекло е од Италија. Полицијата се уште се обидува да го утврди мотивот на нападот.

Неговиот долгогодишен пријател Луис Давид Гонзалез изјавил дека Оди е танчер и забавувач: "Изненаден сум и збунет...Го познавам 10 години. Тој е добар човек. Многу сум изненаден што го направи ова".




Спонзорирани линкови

Маркетинг