Почна лидерската средба за името

Макфакс

19/05/2018

14:38

2.773

Големина на фонт

а а а

Почна лидерсакта средба во Клубот на пратеници во Скопје. Лидерите пред влезот беа пречекани со протест на група граѓани. Тие со себе носат транспаренти со испишани пораки упатени пред се до премиерот Зоран Заев, „не го даваме името“, „сопрете го холокаустот врз Македонците“, а се пеат и патриотски песни.

Револтираните граѓани велат дека македонскиот премиер нема право самостојно во име на целиот народ да решава за идентитетот на државата.

На лидерската средба премиерот Заев ќе ги информира претседателите на парламентарните партии за акутелната ситуација во решавањето на спорот за името со Грција. Покрај лидерите на најголемите политички партии во државата, на лидерската средба присуствуваат и претседателот на државата, Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Засега ставот на политичките партии во врска со предлогот Република Илинденска Македонија сè уште не е познат, освен оној на крилото на Касами од Беса кој пред почетокот на средбата изјави дека овој предлог не е прифатливо решение за сите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг