Жесус со докази обелоденува каква заткулисна игра се крие зад бруталниот напад кој го претрпеа првотимците на Спортинг

Дерби

18/05/2018

20:10

2.176

Големина на фонт

а а а

Лошиот крај на сезоната донесе многу турбуленции во португалскиот фудбалски гигант Спортинг, а по бојкотот на играчите и стручниот штаб, по крајот на шампионатото пристигна и една шокантна вест на почетокот на оваа недела.

Во вторникот португалските медиуми со големо неверување излегоа со информации за непосакуваниот инцидент кој се случи во тренинг базата на клубот од Лисабон, откако радикални навивачи добиле пристап во тренинг центарот и со маски на лицето ги нападнале дел од првотимците. Бас Дост, Карвалјо, Руи Патрисио и Баталја биле оние кои минале најлошо од бруталниот и неочекуван напад на 50-тина фанови, а во ситуација кога португалската полиција испитува како фановите така лесно добиле пристап во забранета зона, угледниот весник „Публико“ од Португалија денеска излезе со сензационална ексклузива.

Имено, тренерот Жорге Жесус кој беше меѓу нападнатите му открил на весникот дека зад сета оваа заткулисно и шокантно сценарио стои претседателот на клубот, Бруно де Карвалјо, контроверзниот прв човек на клубот против кој искусниот стручњак најавил дека ќе преземе ригорозни правни постапки. Жесус истакнал дека има докази кои потврдуваат дека бесните навивачи добиле инструкции од претседателот и всушност тој им допуштил да се најдат на недозволено место во тренинг центарот, а откако стана познато дека Карвалјо одби да си поднесе оставка од претседателската функција во Спортинг, поранешнит преводник на Бенфика одлучил да ја бара правдата на суд каде се очекува дека ќе ја има и од фудбалерите кои го извлекоа најдебелиот крај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг