Фабрегас: Венгер ми беше како татко, но најдобар третман добив од друг тренер

Дерби

18/05/2018

11:59

1.946

Големина на фонт

а а а

Цеск Фабрегас веќе важи за еден од ветераните во Премиер лигата со оглед на искуството кое го насобра во ова натпреварување во изминатите години, а помалку и неочекувано, неговата кариера се разви навистина чудно бидејќи заигра за двата лути ривали од Лондон.

Сите добро се сеќаваме дека младиот Сеск „процвета“ во Арсенал каде добри татковски третман од Венгер и потоа ја доби и капитенската лента како лидер на тимот, но по неговата неуспешна етапа која ја имаше во матичната Барселона, се врати во Премиер лигата како играч на Челси. За тоа доби многу замерки од фановите на Арсенал од кои најголем дел и никогаш не му простија, но сега Шпанецот уште еднаш порача дека најважен човек за неговото враќање во Англија е Жозе Мурињо.

– Во мојата прва година во Англија, Арсен ми беше како татко. Ме третираше како син, но сепак најблизок тренер со мене беше некој друг. Тоа е Жозе. Начинот на кој се однесуваше со мене, начинот на кој се чувствував како лидер од првиот ден беа нешто посебно. Го сакам Мурињо, имавме навистина прекрасна соработка, – открива играчот за врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг