Гвардиола го продолжи договорот со Сити

Точка

18/05/2018

10:04

1.470

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола кој што беше назначен за тренер на „Граѓаните“ во 2016-та година, зад себе има неверојатна сезона во која што неговата екипа ги собори практично сите рекорди во Премиер лигата.

Иако Сити не направи значаен исчекор во Лигата на шампионите, сепак избраниците на Пеп Гвардиола буквално ја прегазија конкуренцијата и фуриозно ја освоија Премиер лигата, па сосема е јасно зошто раководството на клубот му понуди нов договор на Шпанецот.

„Секој ден уживам во работата со овие играчи и во клубот кој што ме исполнува. Се трудам и го давам максимумот да напредуваме, имаме млада екипа чиј што просек е 23 години и многу добри работи се пред нас“, изјави Пеп Гвардиола.

Гвардиола според новиот договор на „Етихад“ треба да се задржи најмалку до 2021-ва година, а финансиските детали од договорот не се познати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг