Буфон образложи што ќе му направел на Оливер ако го сретнел два дена по незаборавниот хаос на „Бернабеу“

Дерби

17/05/2018

18:51

2.913

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Буфон со многу емоции и солзи во очите соопшти дека претстојниот меч со Верона ќе биде последен за него во дресот на Јувентус, но исто така изненади и најголем дел од новинарите, откако додаде дека ова автоматски не значи крај на неговата играчка кариера.

Искусниот чувар на мрежата откри дека има многу интересни понуди од други клубови во Европа и сака со мирна глава да размисли за истите по крајот на мечот со Верона кој се игра овој викенд, но за време на вонредната прес-конференција, доби и интересно прашање од еден новинар поврзано за судијата Мајкл Оливер кој жестоко го нападна и навреди по крајот на четвртфиналето со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Џиџи доби и голем број на критики за своето однесување, а сега самиот призна дека жали за начинот на кој го нападна англискиот арбитар.

– Мислам дека не се однесував лошо на теренот, ме исклучија и уште не сфатив зошто. Јавноста треба да го постави и тоа прашање. Од друга страна пак, тоа што го кажав надвор од теренот очигледно беше претерено и многу жалам за тоа. 23 години не бев никогаш санкциониран и исклучен во Лигата на шампионите, секогаш бев добро едуциран и коректен. Откако поминаа неколку дена, сфатив дека многу го навредив судијата кој е човечко суштество кое може да погреши. Ако го сретнев два дена подоцна, ќе го прегрнев и ќе му се извинев, но јас останувам на моето мислење дека не заслужив црвен. Ќе му кажев и дека можеше да биде помирен на еден така важен меч за Јуве и за мене, – порача Буфон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг