Арсен Венгер се пожали: Можев да ја променам историјата на клубот...

Точка

17/05/2018

16:41

1.594

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер на збогувањто со клубот се пожали и откри дека и ден денес жали што не успеал да доведе еден играч со кој што ќе ја променел историјата на клубот.

Секако, станува збор за Кристијано Роналдо кој што на почетоците од својата кариера бил блиску до трансфер во Арсенал, но на крајот завршил во Манчестер Јунајтед.

„За малку ќе го доведев Роналдо. Мислам дека тоа ќе ја променеше историјата на клубот. Бевме многу, многу блиску до негов ангажман“, изјави Арсен Венгер после 13 години.

Да потсетиме, Арсен Венгер пред неколку дена за последен пат го водеше Арсенал на гостувањето кај Хадерсфилд каде што „Топчиите“ со голот на Обамејанг славеа со минимални 0:1.



Спонзорирани линкови

Маркетинг