Торес го грабна мегафонот и ја запали трибината на Атлетико со најспецијална песна

Дерби

17/05/2018

13:00

1.543

Големина на фонт

а а а

Фернандо Торес влезе во игра во 90-та минута од мечот во големото финале меѓу Атлетико Мадрид и Марсеј во Лига Европа, а иако немаше време да се наигра на теренот и воопшто и немаше допир со топката, легендата на клубот од шпанската престолнина со голема страст и еуфорија ја славеше третата титула на клубот во второто по ранг европско натпреварување.

„Ел Нињо“ најави дека оваа сезона е последна за него во дресот на Атлетико, а сега истата ја зачини со освоена титула која сигурно ќе ја памети до крајот на својата кариера. Торес овој викенд ќе го одигра својот последен меч на „Ванда Метрополитано“ каде се очекува да добие достојно и незаборавно испраќање, а тој уште отсега најави што ќе се случува на стадионот на Атлетико.

Торес го грабна мегафонот од водичот на Атлетико и буквално ја запали трибината на која беа сместени шпанските навивачи во Лион, а како најспецијална песна за одбележување на титулата во Лига Европа ја избра „Те сакам Атлетико“…



Спонзорирани линкови

Маркетинг