Павлопулос: Промена на Уставот е предуслов за решение

Макфакс

17/05/2018

12:48

878

Големина на фонт

а а а

Промена на Уставот е предуслов за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што меѓународен договор, без уставни измени, носи и одговорност за премиерот на соседната земја.

Ова е ставот на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос што го изнесе на средба со претседателката на Естонија, Керсти Калјулајд. Тој вели дека е потребен договор за името со конкретни гаранции што ќе го елиминираат иредентизмот бидејќи Грција не може да толерира да постојат иредентистички тензии и прекршување на историјата. Но, најважно за Атина е уставната промена.

„Нашата соседна земја треба да го смени Уставот, нејзиниот Устав денес содржи име кое, како што е познато, не е прифатено. Тоа треба да се смени. Оваа промена на Уставот е основен предуслов и знаете ли зошто е основен предуслов? Затоа што ние државите членки на ЕУ и на НАТО сме демократски држави што го почитуваме владеењето на правото. Како да толерираме една држава и нејзиниот премиер да потпише договор и да го ратификуваме овој договор што е спротивен на Уставот? Каков пример ќе дадеме? Кон што го туркаме овој премиер? Да склучи меѓународни договори што го прекршуваат самиот Устав и самиот ќе има одговорност“, изјави грчкиот претседател на средбата со неговата колешка од Естонија, која е во дводневна посета на Грција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг