Заев: Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството

Макфакс

17/05/2018

11:56

1.207

Големина на фонт

а а а

„Македонија и Грција го зајакнуваат пријателството. Со премиерот Ципрас веруваме дека можеме да најдеме решение кое го штити достоинството на граѓаните во двете држави“, порача премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа „Фејсбук“ во врска со средбата која што се одржува во Софија.

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас се сретнаа на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Софија, Република Бугарија. Како што соопшти Владата, двајцата премиери разговараа за актуелниот момент во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, и за можностите да ги доближат разликите за решение прифатливо за двете страни.

Ова е втора тет-а-тет средба на двајцата лидери. На самитот се расправа за европската перспектива на земјите од регионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг