Симеоне испрати „отровна стрела“ до УЕФА: Тоа што се случува во финалињата е навистина чудно

Дерби

17/05/2018

10:57

2.783

Големина на фонт

а а а

Диего Симеоне мораше да се тресе во вип ложата на стадионот во Лион поради суспензијата која ја доби од страна на УЕФА, а иако и самиот ја прифати ваквата одлука поради своето недолично однесување на мечот со Арсенал, сепак аргентинскиот стручњак не пропушти да ги „поздрави“ првите луѓе на европската куќа на фудбалот за организацијата на финалето во Лига Европа.

Атлетико славеше со убедливи 3:0 и стигна до својата трета титула откако ова натпреваруање е преименувано во Лига Европа, но Чоло во еден момент ја стави еуфоријата настрана и на прес-конференцијата испрати една „отровна стрела“ до челните луѓе на УЕФА, порачувајќи дека Атлетико на трите последни финалиња имал воочливо помал број на навивачи на трибините.

Аргентинецот со својата изјава алудира на тоа дека некој намерно им дава повеќе билети на противниците, јасно ставајќи ги во прашање потезите на водечките луѓе на УЕФА.

– Навистина не знам што се случува во финалињата, тоа е навистина чудно. Така беше во Лисабон, во Милано и сега тука. Секогаш има 40 илјади навивачи од противничкиот тим и само 20 илјади наши. Не знам дали ќе излезе документација за тоа, – истакна Симеоне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг