Италијанските медиуми тврдат: Буфон се сели во Англија

Точка

17/05/2018

09:08

2.668

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Буфон најави дека по крајот на оваа сезона ќе го напушти Јувентус, но се уште нема откриено дали ќе се пензионира, или ќе ја продолжи својата кариера во некој друг клуб.

Голманот на Јувентус закажа вондредна прес-конференција после која што многу работи ќе станат јасни.

Меѓутоа, тоа не ги сопре италијанските медиуми да продолжат со разните шпекулации за 40-годишниот голман на Јувентус. Имено, денес на Апенините се појави информација дека Буфон нема да се пензионира и барем уште една сезона ќе брани на високо ниво и тоа во англиската Премиер лига.

Наводно, интерес за Буфон покажале од Ливерпул, а од клубот од „Енфилд“ наводно биле подготвени на Италијанецот да му понудат едногодишен договор.

Сепак, ваквите шпекулации треба да се земат со резерва, затоа што набрзо ќе биде познато каква ќе биде иднината на Буфон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг