Претседателот на Русија не знаеше што го снајде: Погледнете како инструкторот му вика на Путин - Дај гас, вози како Русин!

Точка

17/05/2018

11:30

5.813

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера го отвори Кримскиот мост, така што предводеше конвој на камиони, седејќи зад познатиот руски бренд „Камаз“. Првиот човек на Руската Федерација изгледаше како искусен возач, но на што се должи сето тоа?

Путин првите километри возејќи товарно возило ги направи пред неколку години на симулатор. Додека Путин учи да вози „Камаз“, инструкторот позади него е прилично нервозно, се мачи додека го гледа како Путин вози бавно и притоа повторува „Ајде, ајде, давај гас, вози како Русин“.

На снимката може да се слушне како Путин овој пат е во една подредена ситуација, а инструкторот со сиот свој глас му вика од позадина на рускиот претседател, што е навистина уникатна ситуација.

Иако не е познато, се претпоставува дека зад симулаторот, во улога на „нервозен инструктор“ кој што цело време му вика на Путин да „додаде гас“ е Владимир Чагин повеќекратниот шампион на релито „Дакар“ во категорија на камиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг