Русите згрозени: Американците повикуваат на рушење на Кримскиот мост

Точка

17/05/2018

10:38

6.819

Големина на фонт

а а а

Американскиот весник "Washington Examiner" објави статија со наслов „Украина треба да го разнесе Кримскиот мост на Путин“ и предизвика жестоки реакции.

Авторот на статијата, Том Роган истакна дека Кримскиот мост е „невидена навреда на самата суштина на Украина како држава“ и смета дека мостот треба да биде уништен.

Според него, воздушните сили на Украина треба да го бомбардираат мостот и барем привремено да го онеспособат, а со оглед на тоа што мостот е прилично долг, да биде и намален ризикот од жртви. Според Роган, уништувањето на мостот сигурно ќе предизвика ескалација на ситуцијата, но Киев на Москва ќе ѝ прати јасен сигнал дека Украинците не прифаќаат одземање на нивната територија.

Мостот на Крим од Краснодарскиот крај е најдолгиот мост во Русија - има вкупно 19 километри.


На почетокот од проектот беше предвидено сообраќајот на Кримскиот мост да биде пуштен во декември 2018-та година, но градежните работи биле завршени порано од предвиденото, па мостот и официјално беше пуштен во употреба на 16-ти мај.

„Американскиот весник "Washington Examiner" објави статија со повик за бомбардирање на Кримскиот мост. Ушт еднаш. Американските медиуми повикуваат на воздушни напади на нашиот мост. Авторот дури и детално опишува како треба да биде изведен нападот“, напиша главната уредничка на "Russia Today", Маргарита Симонјанова на својот профил на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг