Познатата актерка гласна активистка: "Сите ќе ме мразат за ова, се надевам ќе добијам работа"

Точка

16/05/2018

17:04

2.400

Големина на фонт

а а а

Мексичко американската глумица Селма Хаек е гласна активистка против сексуалното насилство врз жените во филмската индустрија и токму поради тоа во неделата изјави дека машките глумци треба да бидат помалку платени.

"Глумците мора да зборуваат - во ред, времето истече, беше забавно, но време е да бидеме великодушни и кон глумиците", рекла Хаек ден откако многубројните глумици во Кан протестираа по повод женските права. 


"Сите мора да бидеме дел од прилагодувањата. Тоа е една идеја. Ќе ме мразат поради ова и се надевам дека ќе добијам работа после сè што направив", вели актерката.


Прашањето за родовата еднаквост и сексуалното насилство во Холивуд не го изостави ниту Канскиот филмски фестивал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг