Честитка од Мицкоски по повод почетокот на рамазанските пости

Макфакс

16/05/2018

15:57

738

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и граѓаните од исламската вероисповед упати честитка по повод почетокот на рамазанските пости.

„Овие денови се денови на сплотеност, семејна хармонија и добродетелство кон блиските, роднините, пријателите и соседите. Рамазан е најсветлиот месец во исламот, месец каде се покажува великодушноста спрема сиромавите со надеж за милост и бериќет Богоугодноста, секое хумано дело и заедничко разбирање се придонес кон подобро општество и унапредување на нашето најголемо богатство, соживотот и толеранцијата. Македонија е земја на етнички, културни и верски различности и затоа взаемната почит е суштинска за нашиот напредок на секое поле. Ви посакувам светиот месец Рамазан да Ви помине во лесен пост со радосни празнични денови. Нека радоста, милоста и добродетелството Ве следат во текот на целиот пост, целата година и за целиот Ваш живот“, се вели во честитката на Мицкоски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг