Кинескиот претседател апелира: Ким, не се откажувај од средбата со Трамп

Точка

16/05/2018

15:52

779

Големина на фонт

а а а

Кинеските власти денес го повикаа официјален Пјонгјанг да не се откажува од состанокот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Го поддржуваме подобрувањето на односите на двете Кореи и промовирањето на дијалогот помеѓу Северна Кореја и САД, денуклеаризацијата на полуостровот и развојот на економијата, како и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните на Северна Кореја“, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кинескиот претседател денес одржа средба со делегација на севернокорејската Работничка партија, а како што пренесуваат кинеските медиуми, не е познато дали и на состанокот се разговарало за средбата помеѓу Трамп и Ким.


Портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канг денес пред новинарите изјави дека Северна Кореја и Соединетите Американски Држави треба да обезбедат самитот да биде одржан според планот и да придонесат за „суштински исход“.

„Само на тој начин можеме да ја консолидираме подобрување на ситуацијата и да го задржиме мирот и стабилноста во регионот“, истакна Лу Канг.


Ким Јонг Ун и Доналд Трамп треба да се сретнат на 12-ти јуни во Сингапур, но утринава севернокорејските власти се заканија дека можно е да се откажат од средбата, како што велат, затоа што не се заинтересирани за „еднострана“ средба чија што единствена цел ќе биде убедување на Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната програма.

Од официјален Пјонгјанг не го кријат незадоволството од закажаните воени вежби на американската и јужнокорејската армија за кои што сметаат дека се еден вид на подготовка за инвазија на земјата, па севернокорејските власти во меѓувреме откажаа и самит со Сеул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг