Меркел изјави дека Германија останува посветена на нуклеарниот договор со Иран

Макфакс

16/05/2018

15:28

742

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека би било погрешно да се откаже од нуклеарниот договор со Иран, истакнувајќи го како една од нејзините главни разлики помеѓу Берлин и Вашингтон.

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека САД ќе се повлечат од договорот од 2015 година кој беше потпишан за да се врши контрола врз нуклеарните капацитети на Техеран.

Меркел во средата пред Парламентот изјави дека одлуката на САД е една од неколкуте “вознемирувачки вести” кои се обзнанија неодамна. Другите вести ги вклучуваат хемиските напади во Сирија, насилството во Газа и секојдневните прекршувања на договорот за прекин на огнот во Украина.

Иако договорот со Иран е далеку од “идеален”, Меркел изјави дека “не е исправно да се откажете од овој договор во ваква ситуација”.

Сепак, таа додаде дека “и покрај сите проблеми со кои се соочуваат овие денови, трансатлантските односи се и остануваат да бидат од огромно значење”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг