Сестрата на Буфон со емотивна и искрена порака се обидува да го премисли Џиџи пред вонредниот прес

Дерби

16/05/2018

14:28

1.862

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Буфон за утре закажа вонредна прес-конференција на која се очекува и официјално да потврди дека претстојниот викенд ќе биде последен за него како професионален фудбалер, а бидејќи има многу кои не се согласуваат со ваквата одлука на искусниот чувар на мрежата, сега со интересна порака во јавноста излезе неговата сестра Вероника.

Сестрата на Џиџи која е три години постара од него смета дека нејзиниот брат треба да продолжи да игра барем уште една сезона, бидејќи во неговите очи се уште гледа глад за играње и уживање во она што најмногу го сака, а тоа е фудбалот.

– Што повеќе го гледам на теренот, толку помалку ми изгледа на играч кој е подготвен да си замине. Јас бев професионален играч на одбојка и знам како е да се разделите од тоа што го сакате. Зборуваме за голман кој беше протагонист во седум последователни титули во Серија А и четири последователни трофеи во Купот. Јас сум сестра на Џиџи, го сакам толку многу и сум благословена што го имам за свој брат, но јас навистина мислам дека не е време за кажување збогум. Очите на Џиџи не ми го даваат чувството дека сака да стави крај. Му го кажав ова толку многу пати, а тој секогаш ми одговара со насмевка. Како негова сестра и поранешна спортистка, сакам да му кажам дека треба да каже крај кога нема да може да понуди ништо повеќе. Кај него не е таков случајот, – порачува Вероника за „Тутоспорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг