Фудбалски фан се подбиваше со Вилшер поради тоа што нема да настапи на СП, па доби уникатен одговор

Дерби

16/05/2018

13:29

1.674

Големина на фонт

а а а

Герет Саутгејт се очекува да го соопшти конечниот список на играчи на кои ќе смета на Светското првенство во Русија до крајот на денешниот ден, но уште од вчера беше познато дека англискиот селектор предвреме го информираш Џек Вилшер дека тој нема да биде дел од експедицијата која ќе патува на мундијалот.

Саутгејт истакна дека телефонски го контактирал фудбалерот на Арсенал и искрено му ја соопштил лошата вест, но ако се суди според тоа што може да е види на социјалните мрежи, Вилшер навистина добро се справува со ваквиот избор на селекторот и дури реши да му одговори на фан кој се обиде да му се потсмева за тоа што нема да настапи на Светското првенство.

– Знам дека нема да одиш на Светското првенство, па дали би сакал да дојдеш со мене и моите момци на островот Занте на одмор, – гласеше твитот на кој беше тагнат Вилшер, на што изненадувачки уследи комичен одговор.

– Само кажи ми ги датумите и јас доаѓам, – одговори Вилшир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг