Сосем заслужено: Гвардиола прогласен за менаџер на годината во Англија

Дерби

16/05/2018

11:02

1.057

Големина на фонт

а а а

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше прогласен за најдобар менаџер во изборот на Асоцијацијата на менаџери во Англија. Гвардиола успеа да го победи Јирген Клоп од Ливерпул, Нил Ворнок од Кардиф, Шон Дајш од Барнли, Џон Колман од Акрингтон Стенли и Нуно Санто од Вулверхемптон.

Сосем заслужено беа реакциите на англиските медиуми за освоената награда на Шпанецот зошто успеа да ја освои шампионската титула и трофејот на Лига Купот. Во гласањето Пеп успеа да ги остави останатите позади себе со рекордни 100 поени.

На гала вечерта специјални награди им се доделија на Нуно за најдобар менаџер во Чемпионшип, на Ворнок кој неверојатно по осми пат успеа да однесе клуб од понизок во повисок ранг и на Сем Олардајс од Евертон кој беше промовиран во член на Куќата на славните на Асоцијацијата на менаџери во Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг