Хеликоптер, Формула 1, подморница, а сега и камион: Како Путин без грешка возел толкаво чудовиште преку Кримскиот мост!

Точка

16/05/2018

10:34

7.504

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин го отворил сообраќајот на Кримскиот мост и тоа така што седнал зад воланот на камионот "Камаз" и прв се повозил на истиот.

Сите можеле да се уверат дека Путин е одличен возач и дека со голема леснотија управува со камионот. 

Потсетуваме, ова не е прв пат Путин да се најде во ваква ситуација и да ги демонстрира своите возачки способности.

Путин досега во кариерата покажал дека знае да вози авион, формула 1, подморница и хеликоптер.

Сите се прашуваат како рускиот претседател толку добро владее со превозните средства, а би можело да се каже дека клучот на неговата беспрекорност е во темелната подготовка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг