Бостон со тимска игра го прегази тимот на Кливленд и поведе со 2:0

Дерби

16/05/2018

10:26

1.443

Големина на фонт

а а а

Бостон Селтикс како никогаш во своето постоење се нема надминато и успеа да го прегази тимот на Кливленд Кавалирс. Иако целиот натпревар Кливленд Кавалирс беше во водство сепак домашниот терен во „ТД Гарден Арена“ и поддршката од својата публика беше пресудна.

Леброн Џејмс беше најефикасен на натпреварот постигнувајќи „трипл-дабл“со 42 поени, 12 асистенции и 10 скокови, а имаше поддршка, но недоволна од Кевин Лав со 22 поени и 15 скокови, додека останатиот дел од тимот не беше на нивото на задачата.

Кај победничкиот тим на Бостон Селтикс целиот тим беше на нивото на задачата и дури шест играчи успеаа да постигнат двоцифрен број на поени, а најдобар беше Џејлен Браун со 23 поени. Тери Розиер даде 18 поени, Ал Хорфорд уфрли 15 поени и 10 скока.

Сега серијата се префрла во Охајо и натпреварот е на програмата во сабота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг