Латас на судење за викендичките во Зелениково

Макфакс

16/05/2018

09:35

1.232

Големина на фонт

а а а

Во кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес на СЈО, познат како „Тревник“, во кој првообвинет е Драган Павловиќ – Латас, заедно со Срѓан и Ѕвездан Павловиќ.

Специјалното јавно обвинителство ги обвини за бесправна градба на три куќи во Зелениково. Претходното рочиште беше одложено по барање на адвокатите на Латас.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост. Ова е второ обвинение за Латас по обвинението „Тотал“ каде што тој е обвинет дека затајувал данок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг