„Поткуп“ е срам за Јавното обвинителство, рече Заев по завршните зборови во судот

Макфакс

15/05/2018

16:27

2.598

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев по завршните зборови во предметот „Поткуп“, рече дека каква и да е одлуката на судот в понеделник, ќе ја почитува. „Тоа што се случувало е срам е за Јавното обвинителство во тоа време“, рече Заев за органот на прогон кој го гони за ветување за примање поткуп.

Тој на прашање на „Макфакс“ потврди дека поднеле кривична пријава против обвинителот Владимир Милошевски, за кого во постапката бараа изземање.

Тој рече дека му е драго што јавноста будно го следела процесот. „Очекувам правда“, рече премиерот по рочиштето. Заев рече дека се потврдило дека со преквалификацијата на обвинението, отпаднале и посебните истражни мерки, со кои тој бил следен од полцијата. Изрекувањето на пресудата е закажано за в понеделник, 21 мај, напладне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг