Манчини: Ќе го вратам Балотели во репрезентацијата

Точка

15/05/2018

14:57

1.442

Големина на фонт

а а а

Роберто Манчини и официјално е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Италија, откако пред неколку дена одлучи да го напушти руски Зенит.

На прес конференцијата која што беше одржана денес, Манчини откри какви се неговите планови и нагласи дека неговата главна цел е да ја врати Италија на самиот врв, односно таму каде што ѝ е местото.

Манчини исто така потврди дека во следните неколку натпревари, ќе го врати и Марио Балотели во репрезентацијата.

„Сигурно е дека набрзо ќе разговарам со Балотели и најверојатно ќе го вратам во репрезентацијата, ако тој го сака тоа. Италија има многу квалитетни играчи и тоа е нашата предност која што мораме да ја искористиме. Верувам дека Марио може многу да ѝ донесе на нашата екипа и се надевам дека ќе блесне како на Европското првенство во 2012-та година“, изјави Манчини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг