„Макфакс“ дојде до декларацијата што ќе биде усвоена на Самитот во Софија

Макфакс

15/05/2018

14:41

4.144

Големина на фонт

а а а

„Макфакс“ дојде до нацрт-декларацијата што ќе биде усвоена на 17 мај во Софија на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, на која европските лидери одлучија земјите од Западен Балкан да не стават потпис, по настојувањата на Шпанија Косово да не добие третман на држава на претстојниот самит.

Шпанските медиуми коментираат дека како утешна награда за оваа држава е тоа што „западнобалканската шесторка“ (Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово) нема да треба да стави потпис на документот. Тоа е потврдено и во самата декларација, каде како посебна точка е посочено дека земјите од Западен Балкан се согласуваат со заклучоците во документот. Исто така, може да се забележи дека во текстот во декларација се користи терминот „нашите партнери од Западен Балкан“, наместо именување на државите.

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, инаку, денеска потврди дека дека дефинитивно нема да учествува на самитот поради позицијата на земјата кон Косово.

„Од самиот почеток беше јасно дека шпанскиот премиер Рахој не сака да учествува поради ставот на Шпанија за статусот на Косово“, рече висок официјален претставник на ЕУ. Меѓутоа, Шпанија најавила дека, сепак, ќе биде презентирана на самитот од страна на понизок дипломатски претставник.

Рахој и претходно навестуваше дека не сака да се најде на исто место со косовскиот претседател Хашим Тачи бидејќи официјален Мадрид не го признава Косово како држава, но исто така и поради контроверзната биографија на албанскиот лидер.

Шпанските медиуми наведуваат дека Рахој ќе замине во Софија каде ќе се сретне со локалните власти и ќе присуствува на вечера со европските лидери еден ден пред самитот, а потоа ќе се врати во својата земја. Освен Шпанија и Грција, Кипар, Романија и Словачка како членки на Унијата не го признаваат Косово, но ќе присуствуваат на самитот. Шпанија е единствената земја која го задржа цврстиот став во однос на самитот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг