Времето променливо облачно, попладне пороен дожд и грмежи

Макфакс

15/05/2018

09:44

485

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и умерен до засилен јужен ветер.

Попладне, а особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме. За кратко време, претежно во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина воден талог. 

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат. Температурите ќе се движат до 26-от степен. 

Во наредните три дена времето ќе биде претежно стабилно, освен во планинските региони каде ќе има краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг